Потпретседателот на Интегра реши да се интегрира во ВМРО-ДПМНЕ: Ристовски ја претвори партијата во секта

by fokus

Доскорешниот потпретседател на Интегра, Воислав Зафировски денеска на заедничка прес конференција со Христијан Мицкоски соопшти дека тој и уште неколку лица од раководството на Интегра решиле да преминат и да се интегрираат во ВМРО-ДПМНЕ.

Зафировски рече дека лидерот Љупчо Ристовски партијата ја претворил во секта во која не дозволувал да се слушне туѓо мислење сметајќи се себе си за пророк кој волшебно ќе ја спасува Македонија.

Тој додаде дека Ристовски и Интегра во изборниот период одработиле за сегашната власт.

Од Интегра велат дека никакво раководство не преминува во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи Зафировски е разрешен од позицијата потпретседател.

Поврзани новости