Поткуп на гласачи во Чаир, МВР приведе две лица

by fokus

Две лица се приведени по дојавата до Министерството за внатрешни работи дека околу 16 часот бил вршен поткуп на гласачи на улицата „Максуд Садик“ во скопски Чаир.

„Во врска со настанот, поради сомнение за кривично дело „Поткуп при избори и гласање “ по член 162 од Кривичниот законик на Република Македонија приведени се две лица Б.И (46) и С.А (24) и се преземаат мерки за расчитување на настанот“, соопштуваат од таму.

Поврзани новости