Постепен пораст на температурите, па нов бран врнежи

by fokus

Измерено количество на воден талог во л/м2 низ државава досега: Демир Капија 44, Маврово 16, Штип 12, Пожаране 9, Прилеп и Битола 8, Скопје 5, Тетово 3.

Инаку денеска и утре во нашата држава ќе се задржи променливо облачно време, ќе има и локални послаби врнежи од дожд. На планините ќе провејува снег. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени денес, утре истите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени што значи истите ќе бележат тенденција на постепен пораст.

Во петок ќе започне да дува јужен ветер кој повремено на некои места ќе засилува на интензитет, истиот ќе биде најава за нов бран на врнежи веќе во текот на ноќта кон сабота како и во сабота. Во текот на ноќта петок кон сабота од запад и југозапад ќе започнат врнежи од дожд, на планините врнежите ќе бидат од снег, истите ќе продолжат и во сабота и ќе ги има на повеќе места низ државава, локално врнежите ќе бидат и нешто ПОИНТЕНЗИВНИ.

Поради јужното струење температурите на воздухот ќе бидат нешто повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени. Понатамошен пораст на температурите ќе имаме во недела кога максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени. Исто така во недела ќе има и стабилизирање на временската состојба кај нас.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости