479
Пратениците денеска последен ден ќе расправаат за ребалансот на буџетот, по што се очекува да следи гласање за истиот.
Пратениците на власта и опозицијата имаат различни ставови за предложениот буџет – за ВМРО-ДПМНЕ скратени се средства од клучни области како образованието и здравството и капиталните инвестиции, додека пак за владејачкото мнозинство се крателе само непродуктивните трошоци на претходната власт.
За денеска, претседателот на Собранието, Талат Џафери најави дека ќе го потпише и решението со кое ќе ги распише локалните избори.
На утрешниот собраниски дневен ред пак, ќе се најде предлогот за разрешувањето на Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски.