Драган Миновски – нов директор на ЕЛЕМ

by fokus

Професорот на Електротехничкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ Драги Миновски на предлог на Владата е новиот директор на АД ЕЛЕМ, објави порталот МКД.МК.

Вчера Христијан Мицковски, досегашниот генерален директор на АД ЕЛЕМ, на Фејсбук соопшти дека е разрешен од местото Претседател на УО и Генерален директор на АД ЕЛЕМ.

„Дозволете ми на сите Вас, да Ви се заблагодарам од срце, што ја направивте оваа година посебна во мојот живот. Горд сум на сето она што заеднички го правевме за АД ЕЛЕМ, за Македонија, направивме многу, а можевме уште повеќе. Аристотел рекол “задоволство во работата дава совршеност во делото”. Делото сега ќе продолжи на друг терен помеѓу студентите на факултет и граѓаните за Македонија“, пишува Мицковски.

Поврзани новости