„Последен поздрав до оној кој не стави појас“ – нова кампања на РСБСП

by Fokus

„Последен поздрав до оној кој не стави појас“ e насловот на новата кампања која во наредниот период ќе ja реализира Републичкиот совет за безбедност на соообраќајот на патиштата (РСБСП).

Целта на кампањатa е зголемено користење на сигурносните појаси од страна на возачите и сопатниците преку подигнување на нивната свест за последиците од неупотребата на појасите. Кампањата раскажува цели животни стории низ една фотографија, која пак со својата моќ со која ја пренесува пораката, не остава простор за дополнителни зборови. Животните стории од фотографиите се вистински и се лични судбини на луѓе чиј живот згаснал како резултат на несовесно и неодговорно учество во сообраќајот–како резултат на не-користење сигурносен појас.

Циклусот активности од оваа кампања, поврзани со подигнување на свеста за употреба на сигурносен  појас, ќе трае неколку месеци. Во тој период, ќе се делува превентивно и едукативно на возачите и сопатниците на различни начини, а за потребите на кампањата се изработени едукативни материјали, подготвени се едукативни настани и превентивни предавања.

 

Поврзани новости