После Куманово, Струга побара да се изолираат три села поради корона вирусот

by Фокус

Откако пет лица се заразени со коронавирусот во селата Татеши, Велешта и Лабуништа, општина Струга побара од Владата да се изолираат овие населени места.

Заменик министерот за здравство, Арменд Арслани, рече дека оваа опција не е исклучена.

Членот на кризниот штаб од Струга, Дашмир Насуфи за Алсат рече дека побарал формирање на мобилни тимови кои би извршиле тестирање на жителите од ризичните подрачја, затоа што недоволно се почитувале мерките.

Претходно, и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски да се затвори Куманово.

Mеѓутоа, како што рече тој во Утрински брифинг, засега не наишол на разбирање.

Поврзани новости