Битолчанец починал откако се вратил од Канада, се проверува дали имал Ковид 19

by Фокус

Битолчанец кој се вратил од Канада во Македонија, попладнево починал во својот стан во Битола на улица Димче Лахчански.

Како што објави ТВ 21, станува збор за маж на возраст од околу 60 години, кој по враќањето од Канада бил во самоизолација.

Допрва ќе се утврдуваат причините за неговата смрт. Земен е брис и испратен во Скопје за тестирање на корона вирус.

Поврзани новости