Завршница на предметот „Транспортер“, утре се очекува пресуда за Талески

by Фокус

По речиси четиригодишно судење, утре се очекува пресудата за предметот „Транспортер“ во кој обвинети се поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески, поранешниот секретар Слободан Бончановски, 19 директори на основни и средни училишта, како и управители на автопревозни фирми.

Сите обвинети се гонат за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што, според обвинителството, е направена проневера на околу 360.000 евра.

Предметот беше отворен од стран на Специјалното јавно обвинителство, а го водеше судијката Добрила Кацарска.

Поврзани новости