ССМ: Седум слободни денови за работниците од поплавените подрачја

by fokus 20:14
20:14

Работниците од поплавените подрачја ќе добијат седум денови слободни од работа, за да можат да си ги расчистат домовите.

Сoојузот на синдикати на Македонија  заедно со Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) потпишале спогодба за измена на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, со која во случај на елементарна непогода бројот на слободни денови се зголемува од три на седум дена.

– Со ваквите измени и дополнувања на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, ССМ и ОРМ изразија подготвеност да помогнат во справување со последиците од елементарните непогоди, пишува во соопштението од ССМ.

За спроведување и контрола на примената на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството директно ќе се вклучи и ќе биде надлежен Државниот инспекторат за труд.

Поврзани новости