Посебен сообраќаен режим поради протестите

by fokus

СВР Скопје денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по неколку сообраќајници во центарот на Скопје поради одржување два синдикални првомајски протеста.

Како што соопшти МВР, од 10 до 12.30 часот ќе има посебен сообраќаен режим поради најавен протест на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија со траса на движење од пред канцелариите на КСС на улица „50 Дивизија“, по улица „Јордан Мијалков“, булевар „Климент Охридски“ се до Владата на булевар „Илинден“.

Исто така, со почеток во 12 часот е најавен протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) со траса на движење од пред зградата на ССМ на улица „Мирче Ацев“ кон Собранието по улиците „Филип Втори Македонски“, „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, потоа кон седиштето на Стопанската комора на Македонија и ќе заврши на булевар „Илинден“ пред Владата.

– МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, информира Министерството.

Поврзани новости