374
Во посета на Република Северна Македонија утре ќе пристигне делегација предводена од претседателот на Големото национално собрание на Република Турција.
Поради тоа, СВР Скопје утре и задутре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.
Од СВР Скопје апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.