Портпаролот Бошњаковски тврди: Рашковски има одбранет докторат

by Fokus

Откако Димитар Апасиев од „Левица“ пред неколку дена во јавноста откри дека генералниот секретар на владата, Драги Рашковски немал два докторати, денеска на прес-конференцијата го бранеше портпаролот на владата Миле Бошњаковски.

Според нив, генералниот секретар има одбранет докторат и за тоа доставил диплома.Уште повеќе од Владата тврдат дека при секое вработување тука се врши проверка на внесените податоци во пријавата со условите што се барале.

„Согласно Закон за административни службеници, при административната селекција за вработување на административни службеници, се врши проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во јавниот оглас. Проверката на веродостојноста на доказите ја врши Комисијата за селекција за што кандидатите се должни да ги донесат на увид во оригинал или заверен препис сите докази наведени во членот 36, ставовите 2 и 3 од овој закон, најмалку три часа пред почетокот на интервјуто. За кандидатите кои нема да ги достават доказите согласно со ставот 1 на овој член, постапката на селекција завршува“, информираше вчера портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Поврзани новости