Кавадарци го доби првиот 3Д пешачки премин: Се за безбедноста на децата!

by Fokus

Со цел учениците да можат побезбедно да ја минуваат улицата, по иницијатива на кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев, во Кавадарци е поставен првиот 3Д пешачки премин.

Се наоѓа пред училиштето ,,Страшо Пинџур’’ и според општината, доколку се покаже како корисен, во иднина ќе го има и на други локации во градот. Пешачката зебра во 3Д ја изработија четворица извидници од Скопје, во склоп на манифестацијата ,,Извиднички караван’’.

Применувајќи ја перспективата, тие со бела, црна и сива боја исцртаа пешачки премин кој од далечина кај возачите создава виртуелна слика на подигната бела линија, по што тие ја намалуваат брзината. Акцијата на исцртување на првиот 3Д пешачки премин на ја спонзорираше општина Кавадарци, во соработка со извидничкиот одред „Соколи“ од Кавадарци и Сојузот на извидници на Македонија.

Вики Клинчарова

Поврзани новости