969
Јоханес Хајдекер, поранешен советник на долгогодишната германска канцеларка Ангела Меркел, е и на новата листа со 12 надворешни советници на македонскиот премиер Димитар Ковачевски, дознава Фокус.
Инаку, тој стана надворешен советник за зајакнување на капацитетот на економскиот тим на премиерскиот кабинет во 2021 година, кога премиер беше Зоран Заев, а сега ќе продолжи и со Ковачевски.
Покрај него, Владата ќе прима совети од уште еден Германец – Валтер Дефа, кој е номиниран од Канцеларијата на германскиот канцелар.
За разлика од Хајдекер, Дефа привремено доаѓа во земјава и не е на платен список на македонската Влада.
Фокус веќе објави кои ќе бидат новите надворешни советници на Ковачевски, како и колкави се нивните плати.
В.С.