Фокус открива: Кои се новите советници на Ковачевски?

Универзитетските професори Предраг Трпески, Ванчо Узунов, Антон Чаушевски и банкарот Глигор Бишев се дел од листата со надворешни советници на премиерот Димитар Ковачевски, ексклузивно дознава Фокус.

by Фокус

Завршен е процесот за избор на нови надворешни советници на премиерот Димитар Ковачевски, дознава Фокус од високи владини извори, кои откриваат дека на советничката листа има 12 советници.

На неа се наоѓаат неколку стари имиња, како Исмет Рамадани (евроатлански вредности), Нина Фити (финансии), Драган Василевски (одбрана)…

На новата листа има и нови имиња, меѓу кои е деканот на Економскиот факултет Предраг Трпески, кој ќе биде советник за економија.

Уште еден професор од скопскиот економски факултет, Ванчо Узунов, кој е и поранешен потпретседател на СДСМ, ќе биде советник за Берлински процес.

Професорот на Факултетот за електротехничка и информациски технологии, Антон Чаушески, пак, ќе биде советник за енергетика.

Понатаму, за рационализација и оптимизација на процеси, советник ќе биде познатиот банкар Глигор Бишев, кој моментално е генерален директор на Шпаркесе банка.

На списокот се и Ана Данева-Маркова (здравство), Спасе Додевски (образование и социјала), Маја Ангеловска (дигитализација), Симона Ристеска (даночна политика), како и еден германски експерт.

Инаку, Ковачевски драстично го намалува бројот на надворешни советници, ако се има во предвид дека неговиот претходник Заев имаше над 50, додека нивниот број беше уште поголем во времето на Никола Груевски.

Влатко Стојановски

Поврзани новости