Мисини: Ако Груевски не го реши проблемот со мигрантите, мојот штрајк ќе биде не само без храна, туку и без вода

by Фокус

Суад Мисини веќе четврти ден штрајкува со глад пред Собранието поради ситуацијата со мигрантите во Македонија. Тој најавува радикализирање на штрајкот. Ви го пренесуваме неговиот фејсбук статус:

– Ова е четвртиот ден од мојот штрајк со глад. Властите не обезбедија никаков повратен одговор за моето трето барање: ослободување на притворените лица во центарот во Гази Баба и негово затворање.Ситуацијата во центарот е неподнослива и потребен е одговор веднаш.Барам премиерот Груевски јавно да го објави својот став во врска со ова прашање ВО РОК ОД 24 ЧАСА: дали оваа криза ќе се реши или не. Доколку не даде дефинитивен став, тоа ќе предизвика мојата штрајк да биде целосен: не само без храна, туку и без вода.Исто така, ако мојата состојба се влоши, одлучно ќе одбијам, било каква медицинска интервенција – пишува Мисини на неговиот фејсбук профил.

Поврзани новости