Николоски: Членството во ЕУ не смее да има алтернатива

by Фокус

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, изјави дека претседателот на Франција Емануел Макрон после последната победа на претседателските избори излегол со, како што рече, досега најјасен негов концепт за скицата на идниот европски модел.

-Накратко кажано, скицата е многу едноставна, ЕУ на постојните членки плус некоја нова земја доколку ги исполни економските правни и системски критериуми на ЕУ, сите останати кои не сакаат да се дел од ЕУ која е една мала група од веројатно Велика Британија, Швајцарија и Норвешка и оние кои не ги исполнуваат критериумите за членство во ЕУ, секако тоа една далеку поголема група, тука се Балканските земји и земјите од Истокот на ЕУ да бидат дел од т.н. Европска политичка заедница – рече Николоски.

Според него, се работи за една лабава форма на осојузување без цврста хиерархија, без извршна економска моќ, напредна форма на Советот на Европа или ОБСЕ.

-Во превод, далеку од европскиот сон кој го сонуваат генерации и генерации Македонци. Оттука, за мене збунува игнорантноста на македонската владејачка структура како и на општествената елита за овој предлог. Воопшто не се отвора дебатата, а дури одредени структури се огласија и мислат дека е добра идеја. Јас лично, мислам дека за Македонија, членството во ЕУ нема и не смее да има алтернатива – рече тој.

Поврзани новости