Поранешна пратеничка и адвокат кандидати за уставни судии

by Fokus

По неколку седмици тактизирање, следната недела се очекува, конечно, да се дознаат имињата на тројца кандидати за нови уставни судии, откако кон крајот на минатиот месец им завршија деветгодишните мандати на судиите Елена Гошева, Сали Мурати и Никола Ивановски. В понеделник ќе заседава собраниската Комисија за избори и именувања, која треба да ги утврди предлозите за нови уставни судии, за што потоа ќе одлучува собранискиот пленум.

Според информации на „360 степени“ од владејачкото мнозинство, се очекува за нови членови на Уставниот суд да бидат предложени поранешна пратеничка на СДСМ, која последниве години е на висока позиција во собраниската админстрација, и адвокат од Битола. Третото место е за правник од помалите етнички заедници, за чиј избор ќе треба да се обезбеди и Бадентерово мнозинство.

Во декември истекува мандатот во Уставен суд и на Јован Јосифовски, а кон крајот на следната година од функцијата треба да замине и судијката Валентина Маркудова, последна од уставните судии во сегашниот состав која беше избрана во периодот кога парламентарното мнозинство го контролираа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Поврзани новости