Арбана Џара која неодамна си даде оставка од уредничкото место во косовскиот весник Зери, беше жртва на тепање вчера во главниот град на Приштина.
Напаѓачите на Џара кои се уште не се познати, ја нападнале вчера на паркингот пред нејзиниот дом, пренесе Балкан Инсајт. Таа сега е во стабилна состојба, а полицијата го истражува нападот.
Претседателот и премиерот на Косово, Хашим Тачи и Иса Мустафа, како и медиумите и невладините организации го осудија нападот и ја повикаа полицијата да ги уапси сите одговорни за истиот, пренесуваат медиумите.
Џара која е новинарка од 2001-та година, неодамна се придружи на најголемата партија во Косово, Демократската партија.
Таа често била мета на напади и закани поради нејзините истражувачки стории како и текстови кои предупредуваат на опасностите на религиозниот екстремизам. Таа често ги критикува и политиките на Ердоган, како и сите оние кои во регионот подлежат под негово влијание.
Неодамна вандали и нацртале црвен крст во близина на апартманот каде живее со нејзиниот сопруг и нејзиното дете.