Поранешен вицепремиер го менува Коста Петров во Фонд за иновации

Станува збор за Фестим Халили, кој беше избран за вицепремиер во 2016 година.

by Фокус

Поранешниот вицепремиерот Фестим Халили, кој во изминатиов период беше директор на Железници Инфраструктура и Национална Радиодифузија, на денешната владина седница е именуван за в.д. директор на Фондот за иновации и технолошки развој, дознава Фокус.

Тој на оваа функција го заменува поранешниот потпретседател на СДСМ Коста Петров, кој неодамна најави повлекување и од директорската позиција и од политиката.

Инаку, Халили беше избран за вицепремиер за време на политичката криза во 2016 година, кога лидерот на ДУИ Али Ахмети одлучи сите членови на владата да ги замени со нови и млади кадри.

В.С.

Поврзани новости