Обвинет за изборни нерегуларности влезе во НО на ЕСМ

Ејуп Алими од ДУИ беше првостепено осуден во случајот „Титаник 3“, но апелација го врати предметот на повторно одлучување.

by Фокус 16:12
16:12

Поранешниот координатор на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими, кој е обвинет во предметот за изборни нерегуларности „Титаник 3“, е именуван за нов член на Надзорниот одбор на државната компанија за производство на струја АД ЕСМ (ЕЛЕМ).

Според информации на Фокус, владата на денешната седница одлучила да го отповика Љупчо Кижевски од функцијата член на НО на ЕСМ и на негово место да го избере Алими.

- Advertisements -

Инаку, тој беше првостепено осуден на затворска казна од 3,5 години за уништување на изборен материјал, но пресудата не стана правосилна, бидејќи повисокиот апелациски суд го врати предметот на повторно одлучување.

В.С.

Поврзани новости