Поранешен претседател на Институтот на овластени ревизори осомничен за злоупотреба на службена положба и овластувања

by fokus

Управата за финансиска полиција информира дека до Основното јавно обвинителство – Скопје поднела кривична пријава против лицето Б.А., поранешен претседател на Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластувања“ по член 353 став 2 од Кривичниот законик.

– Пријавениот Б.А. во 2017 година ја злоупотребил својата службена положба и овластувања, на начин што заобиколувајќи ја процедурата која согласно Законот за ревизија и Статутот на Институтот на овластени ревизори бил должен да ја спроведе, испратил допис со невистинита содржина до Владата на Република Северна Македонија, врз основа на кој допис Владата на Република Северна Македонија донела решение за именување на лицата З.Б.Л. и Н.М. за членови на Советот за унапредување и развој на ревизијата на Република Северна Македонија, со што пријавениот Б.А. овозможил лицата З.Б.Л. и Н.М. да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 716.000 денари, се наведува во соопштението на Финансиската полиција.

Поврзани новости