551
Поранешниот дански министер за одбрана, Клаус Хјорт Фредериксен, се соочува со обвинување за откривање или споделување државни тајни, соопшти самиот денеска во писмена изјава.
Обвинението е според член 109 од Кривичниот закон, што се однесува на пречекорување на границите на неговата слобода на изразување, напиша Фредериксен.
Овој конзервативен дански политичар не кажува точно за какви доверливи информации станува збор.
Повеќе дански медиуми вчера објавија дека адвокатите дошле до заклучок дека Фредериксен може да биде обвинет и во случај што има врска со соработката за прашањата за надзор меѓу Данска и американската Агенција за национална безбедност.