Берлускони во игра за претседател на Италија

by Фокус 23:03
23:03

Италијанскиот блок на десниот центар ќе ја поддржи кандидатурата на поранешниот премиер Силвио Берлускони да стане следен претседател на државата, изјави денес лидерот на десничарската партија Матео Салвини.

Италијанскиот парламент ќе се состане на 24 јануари за да избере нов шеф на државата на местото на Серџо Матарела.

- Advertisements -

-Десниот центар е одлучен и едногласен во својата поддршка за Берлускони и нема да го прифатиме ветото на левицата од идеолошки причини – рече Салвини, откако партиите на левиот центар ги осудија политичките амбиции на Берлускони.

И премиерот Марио Драги е меѓу главните кандидати, но неговата промоција во шеф на државата ќе ги остави партиите или да изберат нов премиер или да распишат предвремени избори.

Партијата Форца Италија на Берлускони соопшти дека ќе ја напушти владата на единство доколку Драги се пресели во претседателската палата Квиринале.

Претседателските избори се одржуваат со гласање на 1.000 парламентарци и регионални делегати, а гласањето се одвива тајно, што им отежнува на партиските водачи да обезбедат дека пратениците ќе ги следат нивните упатства.

Поврзани новости