Ковид-советниците на полскиот премиер поднесоа оставки

by Фокус

Во Полска, 13 од вкупно 17 члена на медицинскиот тим што го советуваа премиерот во однос на пандемијата на коронавирусот поднесоа оставка поради, како што самите навеле, недоволното влијание на науката врз политиката.

-Разликата меѓу научниот и медицинскиот став и практиката стана особено очигледна во контекст на ограничените мерки во есенскиот бран на пандемијата, а потоа и по појавата на омикрон-варијантата и покрај огромниот број очекувани смртни случаи – велат членовите на советот.

Иако има една од највисоките стапки на смртност во светот, Полска воведе поблаги мерки во последниот бран на пандемијата за разлика од многу други европски земји.

Поврзани новости