Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард рече дека нејзиниот најголем страв не е дали Европската унија ќе натрупа „планина од долгови“, туку дека владите можат „брутално“ да ги намалат стимулативните мерки.
Поради тоа, таа им препорача тоа да го прават постепено и внимателно.
-Ова е најтешкиот момент кога треба да се направат проценки, изјави Лагард за Си-ен-ен.
Некои политичари се грижат дека нивните земји ќе влезат во преголеми долгови преку поддршка на економијата оваа година, но Лагард ги потсетува дека владите обезбедија милијарди долари помош во текот на изминатата година токму за ублажување економскиот шок од пандемијата, со поддршка на централните банки како што е ЕЦБ.
-Европските лидери, исто така, одобрија пакет за економско закрепнување од 1,8 милијарди евра и буџет за поддршка на посткризните економии на ЕУ, ги потсетува Лагард.
Таа смета дека дури и кога економијата ќе почне да се подобрува и да закрепнува, политичарите не треба да ја повлекуваат поддршката прерано.
Во својата најнова прогноза, објавена во декември, ЕЦБ предвидува дека европската економија ќе порасне за 3,9% во 2021 година, при што производството ќе достигне нивоа пред пандемија до средината на 2022 година.
Лагард истакнува дека ваквите прогнози во голема мерка зависат од вакцинацијата, која спеак признава дека е бавна во Европската унија.
-Имаме вакцини, се повеќе и повеќе секоја недела, што е добро. Тие се произведуваат, се дистрибуираат. Но, луѓето сè уште не сее вакцинирани. Ќе биде потребно извесно време да се добие колективен имунитет, што само по себе нема да биде доволно, бидејќи ќе се појават нови видови, рече Лагард.
Другиот клучен момент, според Лагард, би бил спроведување на програмите за помош и олеснетите фискалните правила на ЕУ кои овозмоѓуваат економски послабите земји да позајмуваат или од Брисел и од побогатите.