Руските стручњаци одобрија производство на „спутник V“ во Србија

by Fokus

Производството на руската вакцина „спутник V“ на Институтот „Торлак“ е одобрено од руките стручњаци, јавија српските медиуми.

Тоа значи дека вакцината во секој момент ќе им биде на располагање на граѓаните, објаснува директорката на Инсититутот Вера Стоиљковиќ.

-Што се однесува на лекарите, ним исто така, со превентивата односно со вакцинацијата на населението, ќе им се олесни работата, би се дошло до тоа да требаат помалку напори, многу полесни клинички слики, што за државата би значело поздрава и поуспешна популација, објаснува таа.

Таа додава дека делегацијата на руски стручњаци одобрила во Институтот „Торлак“ да почне првата фаза од производството на руската вакцина против корона вирусот „спутник V“.

-Првата фаза опфаќа производство на финалниот глот или финалниот производ, што практично значи полнење и пакување на вакцината. Тоа значи дека тој дел од работата ќе се случува на „Торлак“. Со која брзина ќе одиме зависи од времето потребно производните погони да се ускладат со производството на новата вакцина, објаснува Стоиљковиќ.

Сепак, вели не се разговарало за тоа што на Србија ѝ е потребно за да се вклучи и во втората фаза од производството, односно за целиот процес на производство.

-За втората фаза потрено е пред се, да започнеме разговори а за тоа не сме разговарале. За да дојде до тоа, треба да ја преземат технологијата, мора да направат нови погони, да ги обезбедат со опрема и со системи, како и обичен кадар, порачува директорката на „Торлак“.

Поврзани новости