Поради транспарентност, нема субвенции за печки на палети за кавадаречките советници и за вработените во општината

by Фокус 17:56
17:56

Откако Општина Кавадарци објави јавен повик за субвенционирање на набавка на енергетски ефикасни грејни тела, кавадарачани за неколку часа го исполниле лимитот и до општинските служби биле доставени 103 барања за субвенции. Јавниот повик бил распишан вчера во 9 часот и поради големиот број на апликанти истиот завршил на крајот од денот. Целта е да се стимулираат жителите на Кавадарци (домаќинствата) за примена на почисто гориво и поквалитетни грејни тела за затоплување на своите домови, кои имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот.

Жителите кои ќе купат енергетско ефикасни грејни тела (печки на палети и инвертер клими) од денот на објавување на Јавниот повик заклучно со 31.10.2018 година, ќе им се надомести дел од трошоците направени при набавка на енергетско ефикасни грејни тела во висина од 50 проценти, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. Комисијата го разгледала бројот на апликации и утврдила е дека се пристигнати 103 барања и со тоа се надминал бројот на предвидени барања од поднесители во рамките на предвидениот буџет.

- Advertisements -

-Поради транспарентност и отчетност во работењето на Општина Кавадарци и поради големиот број на пристигнати барања при разгледување на барањата на следниот состанок на Комисијата, доколку се констатира дека вработени во Локалната самоуправа и нивни членови од поблиското семејство, како и Советници во Совет на Општина Кавадарци и нивни членови на поблиското семејство имаат поднесено барање по Повикот, нивните барања нема да бидат разгледани – информираат од општината.

Поради големиот интерес од граѓаните на Општина Кавадарци за овој јавен повик, градоначалникот Митко Јанчев, на наредната седница ќе предложи на Советот на Општина Кавадарци до крајот на 2018 година да се објави уште еден Јавен повик за субвенционирање за купување енергетско ефикасни грејни тела.

В.К.

Поврзани новости