На обиколницата Битола-Ресен, поради свлечиште, патот е во прекин во двата правци. Како алтернатива сообраќајот е пренасочен преку градот Битола.
На патниот правец Делчево – Берово кај село Нов Истевник поради свлечиште сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 5- 6 метри. т.
На патниот правец Удово – Валандово поради излевање на Калковска Река има вода на коловозот која не е голема и се препорачува внимателно управување со возилата.
На патниот правец Гевгелија – Марвинци кај клучка Марвинци поради излевање на каналите има вода на коловозот. АМСМ препорачуваат да се користи алтернативен патен правец Удово – Валандово – Гевгелија и обратно.
Од таму информираат дека расчистени се свлечиштата на патниот правец Кочани – Делчево.
„Поради врнежите од дожд и можноста од повторно активирање на свлечиштата од превентивни причини патниот правец Кочани-Делчево останува затворен за сообраќај. Сообраќајот е пренасочен преку Виница-Смојмирово-Делчево“, се наведува во соопштението.