487
Авионот со кој премиерот Зоран Заев се враќаше од самитот во Давос вечерва не можеше да слета на аеродромот во Скопје поради снежното невреме. Пилотите повеќе од пола час се обидувале да го спуштат авионот, но безуспешно.
Потоа авионот бил пренасочен на аеродромот во Софија. Заев веќе требаше да биде во седиштето на СДСМ каде Централниот Одбор одлучува за двојни избори.