Продолжен куќниот притвор на Мијалков и Камчев

by fokus

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје го продолжи куќниот притвор за обвинетите во предметот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), меѓу кои се и Сашо Мијалков и Орце Камчев.

Како што соопштија од судот за МИА, постапувајки по предлог на Јавното обвинитество за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за продолжување на мерката куќен притвор во случајот за јавноста познат како „Империја“, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје го прифати предлогот и на лицата С.М. Ј.К. Н.Ј. Ч.П. Т.М. и З.А. им ја продолжи мерката куќен притвор.

Поврзани новости