Претседателот на Комитетот за Нобеловата награда за мир го поздрави усвојувањето на Договорот од Преспа

by fokus

Торбјорн Јагланд, генералниот секретар на Советот на Европа, организација во која се обединети 47 земји, го поздрави договорот што го гласаше грчкиот Парламент, кој ветува дека ќе стави крај на 27-годишниот спор околу името на северниот сосед на Грција, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

-Гласањето на Грција за одобрување на името „Република Северна Македонија “е  истовремено „храбро и конструктивно”, изјави Генералниот секретар.

Се надеваме, додаде, дека ова ќе придонесе за поголема стабилност и соработка во регионот.

-Му честитам на премиерот Ципрас за неговата определба и решеност кои доведоа до овој успех, потенцира Јагланд.

Покрај функцијата во Советот на Европа, Торбјорн Јагланд ја извршува и функцијата претседател на Комитетот за Нобеловата награда за мир.

Поврзани новости