Поради одрони се уште во прекин патот Кочани-Македонска Каменица

by Fokus

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Македонски Брод, а со послаб на планинските превои Стража и Буково, како и во Крива Паланка, Крушево, Делчево и Смојмирово,информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Сеуште е во целосен прекин сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица, поради одорн во близина на село Истибања.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

МИА

Поврзани новости