Груевски и Јанкулоска денеска на судење за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра

by Fokus

Поради набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600.000 евра, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, неделава ќе треба да се појави три пати на судење. За предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство се закажани рочишта денеска, утре и во петок.

Јанкуловска во овој предмет се товари за злоупотреба на службената положба. Според обвинението преку Министерството за внатрешни работи е набавен мерцедес од 600.000 евра за да се исполни желбата на тогашниот премиер, Никола Груевски. Освен Јанкуловска, обвинет е и екс-помошникот министер во МВР, Ѓоко Поповски. Груевски, пак, се товари за „примање награда за противзаконито влијание“.

Поврзани новости