Заев на средби со Ердоган и Јилдирим

by Fokus

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска ќе се сретне со турскиот премиер Бинали Јилдирим во рамки на неговата посета на Република Турција.

Двајцата премиери ќе имаат тет-а-тет средба, по ќе следува средба и на делегациите од двете земји, а закажана е и заедничка прес-конференција.

Во текот на денот Заев ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Република Турција, Исмаил Кахраман и со претседателот на државата Реџеп Тајип Ердоган.

Поврзани новости