433
Неколку стана на улицата „Ристо Чавдаров“ во Гевгелија се опожарени откако вчера попладне настанал пожар. Според полицијата, повредени нема но опожарени се станови од поткровјето. Од МВР велат дека причина за пожарот е греалка.
„На 30.07.2019 во 12,00 часот во Полициска станица Гевгелија бил пријавен пожар на улица „Ристо Чавдаров“, во колективна станбена зграда при што биле опожарени станови од поткровјето. Пожарот е изгаснат од екипи на противпожарната единица од Гевгелија, Валандово и Неготино. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гевгелија и утврдено е дека причина за настанување на пожарот е греалка која се користела во еден од становите“, соопштија од МВР.