633
Поради градежни работи на булевар „Александар Македонски“ во правец кон излезот на Скопје, вон функција се постојките кај „Меркур“ и „Автодром“, автобусите застануваат само на постојките кај „Алкалоид“ и СЕТУ „Михајло Пупин“, информираат од ЈСП Скопје.
Истовремено, поради тековната реконструкција на булеварот, линија 2 во правец према Автокоманда сообраќа преку Пивара.
Од ЈСП Скопје информираат дека посочениот режим ќе важи се додека траат градежните активности на булеварот.