Универзитетската професорка Гордана Попсимонова размислува да поднесе оставка од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, бидејќи, според неа, овој орган претставува отворена врата за корупција и лични поткусурувања.
„Многу се думам дали да си дадам оставка во Одборот за акредитација и евалуација на високото образование. Одборот е еден нефункционален реликт од стариот Закон за високо образование. Криво насадено дрво. Длабок кариес кој од страна и не изгледа страшно, а навлегол длабоко во вилицита. Широко отворена врата за корупција и лични поткусурувања. Гломазен мастадонт на кој, таков каков што е, не му можеш ништо. Не сум паметна што да се прави. Можеби е најдобро да се стави мораториум на сите акредитации до воспоставувањето на Агенцијата за квалитет на високото образование – предвидена во предлог законот за високо образование. Се думам“, напиша Попимонова не нејзиниот фејсбук профил.