Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска оствари средби со претставници на Европската комисија, со кои разговараше за европските перспективи, реформските приоритети, подготовките за изборниот процес.
– Разговараме околу актуелната состојба, подготовката на изборниот процес и во овој дел очекувањата на ЕК се дека можеме да се надеваме на спроведување на успешни избори на 5-ти јуни со што ќе се отворат вратите за излегување од оној циклус на политичка криза и на определен начин да се отвори вратата за отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ – изјави Поповски.
Инаку, Поповски се сретнa и со генералниот директор на директоратот за проширување во ЕК, Кристијан Даниелсон, кој утре ќе допатува во Скопје, на само два дена пред закажувањето на распуштањето на Собранието, при шо треба да се сретне со лидерите на политичките партии и со премиерот Емил Димитриев.