Димитриевски: „Фамилијата“ испумпала над 5 милијарди евра народни пари надвор од Македонија

by Фокус

По примерот на земјите од Европската Унија, ќе донесеме закон за запленување на криминално стекнатиот имот, вклучувајки преку корупција, организиран криминал, веднаш по правата правосилна пресуда, рече Максим Димитриевски, претседател на комисија за одбрана на СДСМ.

– Оваа власт целосно ги партизираше институциите за да можат да ги спроведуваат милионските тендери од кои што, веќе е јасно за сите, корист имала фамилијата на власт и нивни фирми регистрирани по рајските земји. Според процениките, над 5 милијарди евра народни пари братучедско-кумската власт има испумпано надвор од Македонија. Во меѓувреме во државата се случува незапаметена сиромаштија – истакна Димитриевски.

Поврзани новости