434
Предвремените парламентарни избори би можеле да се одржат во октомври, со што би се излегло од кризата и би се овозможило нормално функционирање на институциите, рекла претседателката на ДОМ Лилјана Поповска на средбата со француската амбасадорка Лоренс Оер.
„Неопходни се фер и демократски избори со кредибилен избирачки список,за чие прочистување е потребна поддршка и од меѓународната заедница. Неприфатливо е да се оди на избори со список, кој наместо да се прочисти, се зголеми за нови 135.000 лица“, истакнала Поповска пред Оер.