СДСМ бара Уставниот суд да се произнесе за СЈО

by Фокус

Уставниот суд веднаш да се произнесе за иницијативата околу уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство и срамните и неуставни одлуки за аболиција од страна на Ѓорѓе Иванов веднаш и целосно да бидат поништени, побара Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

-Една од најголемите придобивки на Договорот од Пржино е формирањето на СЈО, наводно поддржано од сите четири политички партии. Суштинска цел на постоењето на СЈО е да се врати владеењето на правото и правната држава, законот да важи за сите подеднакво. Една година потоа, опструкциите на работата на СЈО од страна на власта продолжуваат – рече Манчевски.

 

 

Поврзани новости