Поповска: Инспекторатот за животна средина купува коли со пари за лабораторија?

by Fokus

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, упати неколку прашања кон Државниот инспекторат за животна средина, кој спорд неа, има набавено две коли за директорот, со пари кои се наменети за лабораторија.

„Дали е точно дека Државниот инспекторат за животна средина има набавено две коли за директорот во последнава година, со пренамена на средства за опремување акредитирана лабораторија? Патем, лабораторија му е неопходна на ова тело, за да може да врши анализа на загадувањето на животната средина, кое сега го плаќа кај приватни лаборатории, или воопшто не ни прави анализи, поради недостиг на средства во својот буџет. Инаку, самиот буџет на државниот инспекторат е речиси симболичен, со најголема ставка за плати на десетина инспектори за цела Македонија. Дали е точно дека и така скромните средства на институцијата се трошат на непотребни патувања во странство на директорот и колку такви патувања се остварени последнава година?“, прашува пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ во пратеничко прашање до Владата, кое го упати денес, во неможност да го постави на вчерашната собраниска седница за пратенички прашања.

Поврзани новости