Министерот за надворешни работи, Никола Попоски во текот на ноќта остварил телефонски разговор со турскиот колега Мевлут Чавушоглу, кој му потврдил дека турските власти работат на враќање на редот и мирот во државата и дека набрзо ќе бидат отстранети сите можни закани, соопшти МНР.
Во разговорот, Попоски истакнал дека РМ најостро ги осудува сите акти на насилство и терор и изразува поддршка на демократски избраните институции, а воедно изрази и сочувство до семејствата на сите загинати и повредени во вчерашните настани во Турција.
Министерството продолжува континуирано да ја следи состојбата во Турција и е во постојан контакт со Амбасадата на Република Македонија во Анкара и Генералениот конзулат во Истанбул, како и со соодветните институции од земјите во регионот, со цел обезбедување соодветни информации за македонските граѓани.