Попоски: Принципите на НАТО треба да важат и за моќните и за членките на Алијансата

by Фокус

За да бидат принципи и да ја задржат својата моќ, владеењето на правото, мирното решавање на конфликтите, правото на самоопределување треба исто да важат и за моќните и за помалку моќните, и за тие внатре во клубот и за тие надвор, рече министерот за надворешни работи Никола Попоски во Кардиф, каде се одржува НАТО Самитот.

Според него, во случајот со Македонија не доминира правото при носењето на одлуката за членство во Алијансата, алудирајќи на тоа дека Грција го блокира членството на Македонија, и покрај хашката пресуда во корист на државава.

– Самитот на НАТО е политичка реалност и не може да ги игнорираме последиците на одлуките. Но, пресудата во ХАГ е правна реалност, не може ни таа да се игнорира… – смета Попоски.

Поврзани новости