Тачи: Излегуваме од Парламентот, влегуваме во Владата на местото на Урко

by lali 20:14
20:14

Menduh-TaciДемократската партија на Албанците (ДПА), по тепачката со пратениците од ДУИ, конечно реши да го напушти Собранието, информираше денеска лидерот Мендух Тачи на пресконференцијата во ресторанот „Сушико“.

– Излегуваме од Собранието, ама ќе влеземе во Владата и тоа на местото на Урко. Ќе го штитиме премиерот Никола Груевски и така ќе го исполниме ветувањето дадено пред изборите дека дури и со еден пратеник ќе бидеме дел од оваа власт – изјави првиот човек на ДПА .

- Advertising -

Тачи смета дека тепачката во Собранието е и тоа каков доказ дека неговите пратеници се способни и обучени да се соочат со сите предизвици и опасности што ги носи нивната нова улога во власта.

– Ако некој му се приближи на војводата Грујо има да биде касапаана – порача Тачи.

Disklejmer

Поврзани новости