Пратениците од власта го изгласаа ребалансот на буџетот

by Фокус 17:35
17:35

По дебата од само три часа, со 71 глас „за“ и ниту еден „против“ или воздржан, пратениците од власта, во отсуство на опозицијата, го изгласа ребалансот на буџетот, со што се намалуваат приходите и расходите за 2 отсто.

Министерот за финансии Зоран Ставревски потенцираше дека со измените буџетот ќе остане на неговите основни параметри – зачувување на макроекономската и фискална стабилност на државата и поддршка на економскиот раст преку инфраструктурните проекти.

- Advertising -

– Земјава успеа во првиот квартал да оствари раст од 3,9 отсто, пораснаа инвестициите и извозот, а невработеноста се намали до 28,4 отсто, што е историски најниска стапка во последниве 17 години – рече Ставревски.

Додека пратениците од владејачкото мнозинство го поздравуваа ребалансот, опозициската ДПА на прес-конференција во Тетово реагираше оти дека „владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ носи уште еден ребаланс на државен буџет, преку кој се легализира кражбата на албанскиот дел во буџето“.

Поврзани новости