Попоски: Немам премиерски амбиции, партијата си има и лидер и премиер

by Fokus 10:12
10:12

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски вели дека се злонамерни шпекулациите дека би можел да биде нов премиер доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на претстојните избори. Партијата има лидер, а јас немам премиерски амбиции, вели тој во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Според него, сите можни притисоци врз администрацијата за време на изборите ќе бидат споделени со јавноста и санкционирани.

– Може да го направиме да имаме механизам за какви било нерегуларности да може да бидат соопштени, споделени и доколку постојат нерегуларности, да има санкционирање. Тоа е системот, тоа се изборите. Инаку, однапред некој да каже дека нема да има каков било тип на појави кои може да бидат оценети како негативни во изборен процес е крајно наивно. Јас не верувам дека може да има таков изборен процес во кој однапред би рекле дека сè мора да биде идеално. Не знаеме. Ќе дознаеме кога ќе завршат изборите и кога ќе излезе извештајот – тврди Попоски во интервјуто.

 

 

 

Поврзани новости