Просечната оценка од екстерното тестирање е 3.26

by Фокус 11:00
11:00

Во сите основни и средни училишта денеска се истакнати резултатите од екстерото тестирање, по чија обработка е констатирана просечна оценка на постигнувањата на учениците од 3,26, соопшти Државниот испитен центар.

– Учениците ќе можат да ги погледнат оценките кои ги добиле и почнувајќи од утре 26 јуни, а заклучно со 30 јуни ќе можат да поднесуваат приговори до Училишната комисија. При поднесување на приговорот ученикот има право на увид во тестот, се вели во соопштението од ДИЦ.

- Advertisements -

Минатата година просечната оценка на постигнувањата беше 3,6.

Поврзани новости